КАКО СЕ КОРИСТИ СИСТЕМОТ ЗА ОНЛАЈН ПРОДАЖБА НА ФИЛХАРМОНИЈА НА РСМ


1. Направете избор на настан за кој сакате да купите билет. Тоа може да го сторите преку копчето покрај секој настан кој директно ве води до делот за онлајн продажба.

2. Одберете ги позициите за билети кои сакате да ги купите.

3. Покрај првично избраниот настан, секогаш можете да додадете во вашата кошничка и билети од листата на други настани кој е објавен на страната за продажба.

4. Внимавајте: процесот на купување на билети, вклучувајќи го и времето на плаќање е ограничено на 20 (дваесет) минути. По истекот на ова време системот автоматски го поништува целиот ваш избор, и доколку сакате да продолжите со купување ќе мора да започнете се одново.

5. Штом ја завршите вашата нарачка притиснете на КУПИ со што ќе преминете во делот во кои треба да ги внесете вашите податоци.

6. Ве молиме точно и целосно внесете ги вашите податоци.

Доколку некоја од овие барани информации не е точно наведена, можни се потешкотии во натамошна комуникација, и неможност на нашите оператори квалитетно и навремено да одговорат на било каков проблем поврзан со процесот на купување на билеот.

7. По завршување и проверка на точноста на внесените податоци притиснете на копчето ПЛАТИ.

8. Системот автоматски ќе ве префрли во делот на каде што треба да ги внесете податоците за вашата платежна картичка. По внесување притиснете ПОТВРДИ.

9. Системот ќе побара уште еднаш да ги проверите точноста на вашите податоци од платежната картичка. Доколку е се во ред притиснете ПОТВРДИ.

10. Ве молиме не го гаснете прозорецот на вашиот веб прелистувач додека не добиете потврда дека вашето плаќање е успешно завршено.

11. Штом ја добиете потврдата можете веднаш да го испечатите вашиот билет од нарачката.

12. Потврда за успешна трансакција на извршената нарачка ќе ја добиете на вашата електронска адреса.

13. Ве молиме задолжително да ја зачувате добиената и-мејл порака. Тоа е ВАШИОТ БИЛЕТ.